Севилја остана непоразена на „Камп Ноу“

Барселона ги загуби првите бодови во новата сезона откако вечерва ремизираше 1-1 на домашен терен против Севилја. Каталонскиот гигант не одигра на посакуваното ниво, се мачеше да создааде шанси, а Севилја неочекувано и прва поведе преку Де Јонг по само осум минути игра.

Две минути подоцна Барселона израмни преку Кутињо, а изненадувачки во преостанатите 80 минути од овој дерби-дуел мрежите повеќе не се тресеа. Најубавата шанса ја пропушти Тринсао, чиј удар во 90. минута беше запрен од гостинскиот голман.

 

Се вчитува...