Севилја во финишот го скрши отпорот на Селта Виго (ВИДЕО)

Севилја стигна до важна победа во борбата за висок пласман во Ла лига, откако во 10. коло славеше над Селта Виго со 4-2.

Домаќините поведоа уште во 5. минута преку Жил Кунде, но само пет минути подоцна Тијаго Аспас израмни на 1-1. До крајот на првиот дел во листата на стрелците се запишаа и Нолито во 36. и Ен Несри во 45. по што на пауза се замина со резултат 2-2. Овој резултат на семафорот стоеше до 85. минута, а потоа за само две минути преку Ескудеро и Ел Хадади, Севилја успеа да стигне до триумф од 4-2.

Севилја со победата се искачи на седмото место на табелата со 13 бода, додека Селта Виго е претпоследна и ќе има тешка борба до крајот за опстанок.

 

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...