Кошаркарите на Црвена Звезда ја завршија сезоната на неславен начин. Тие беа неуспешни во две одбрани на титулата, а најновиот пораз беше против Спартак во полуфиналето на Српската кошаркарска лига.
Тренерот на црвено-белите, Јанис Сферопулос, можеше само да ја преземе вината и да им се извини на навивачите на Црвена Звезда, но и вети дека ќе направат посилен тим за следната сезона.
„Мораме да направиме корекција, да направиме подобар тим, да направиме подобра група играчи кои се подготвени да се борат за АБА лигата, но и за КЛС. Не ја започнавме добро АБА лигата од почетокот на сезоната, таква беше ситуацијата од почетокот на сезоната“, изјави Сферопулос.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА