Поради неможноста да ги игра домашните натпревари во групната фаза во Лигата на шампионите во Украина, поради агресијата од Русија, Шахтјор Доњецк во минатата сезона играше во Полска. Но, раководството на украинскиот тим се одлучи оваа сезона домашните мечеви од ЛШ да ги игра во Германија.
Управата на Шахткор донесе одлука да ги игра домашните мечеви во Хамбург, на стадионот во Хамбургер. Стадионот „Фолкспарк“ собира 57.000 гледачи, а се очекува капацитетот да се намали на 51.000 за мечевите во ЛШ.
Од Шахтјор очекуваат голема поддршка од германската публика за време на натпреварите во европската „елита“. Властите на Хамбург излегоа во пресрет на украинскиот тим, а и УЕФА дала дозвола Украинците да ги играат мечевите во Хамбург.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА