Шаќири нема да патува на подготовките на Ливерпул во САД

Швајцарскиот репрезентативец Џердан Шаќири нема да отпатува со тимот на Ливерпул на турнејата во САД како дел од подготовките за новата сезона. Британскиот весник „Телеграф“ пишува дека Швајцарецот во понеделник дошол во тренинг центарот на актуелниот европски првак, каде по разговор со медицинскиот тим било утврдено дека се уште не е време за враќање на терените.

Шаќири се повреди пред нешто повеќе од месец дена во натпреварот од финалето во Лигата на шампионите против Тотенхем. Како замена за Шаќири во САД ќе отпатува младиот фудбалер на „црвените“ Рајан Брустер кој треба да се наметне на тренерот Јирген Клоп.

„Црвените“ за време на турнеата низ САД ќе одиграат три контролни натпревари, против екипите на Севилја, Борусија Дортмунд и на Спортинг Лисабон.

Се вчитува...