Шалке го доби дербито со „милионерите“

Фудбалерите на Шалке 04 ја совладаа Борусија Дортмунд со 2-0 во регионалното дерби и се зацврстија на втората позиција на табелата во Бундес-лигата. Тимот од Гелзенкирхен успеа да ги искористи своите шанси и сосема заслужено дојде до триумф.

Конопљанка во 50.минута ги доведе домашните во водство, а Налдо во 82.минута ја потврди победата на Шалке 04.

Борусија Дортмунд по овој пораз има 51 бод и се наоѓа на четвртата позиција.

Се вчитува...