Шампионите минаа низ Брајтон

Новиот англиски првак Ливерпул ја потврди класата и на гостувањето против Брајтон. Тимот на Јирген Клоп славеше со 1-3 и не му дозволи на Брајтон да се понадева дека може да стигне до позитивен епилог.

Мохамед Салах во шестата минута донесе водство за „црвените“, а само две минути подоцна Џордан Хендерсон зголеми на 0-2.

Брајтон преку Леандро Тросард во 45.минута постигна погодок за надеж, но Мохамед Салах ги расчисти сите дилеми околу победникот со својот втор гол во 76.минута од мечот.

Се вчитува...