Британската тенисерка Ема Радукану предизвика скандал во својата земја поради изборот на новиот свој тренер, поранешниот руски тенисер Дмитриј Турсунов кој ќе биде четврти стручњак кој ќе соработува со освојувачката на УС-опен.
Нивната соработка предизвика контроверзии и скандал пред да почне. Турсунов се откажа од тренирање на Естонката Анет Контавеј по избивање на војната во Украина, а сега стана и политички случај во Велика Британија.
Лабуристичкиот пратеник Крис Брајант побара од Радукану да ја промени одлуката.
„Кремљ оваа одлука ќе ја искористи за своја пропаганда, како показател дека Британија не е нешто загрижена за војната во Украина. Штета е Ема да продолжи со оваа идеја, затоа барам од неа да ја преспита одлуката и да ја осуди варварската војна на Путин“ – истакна Брајант.
Шефот на парламентарната комисија за спорт и култура, Џулијан Најт, пак, побара итна реакција од Тенискиот сојуз на Велика Британија поради одлуката на Радукану.
„Иритантно е да се гледа како Русин ја тренира најдобрата британска тенисерка. Се надевам дека сојузот ќе покаже минимум лидерство“ – истакна Најт.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА