Шампионот ги уништи Лејкерс и израмни во полуфиналната серија на Западот (ВИДЕО)

Актуелниот шампион во НБА лигата Голден Стејт Вориорс израмни на 1-1 во полуфиналната серија во Западната конференција против ЛА Лејкерс откако синоќа на домашен терен славеше со убедливи 127-100.

Најдобар поединец во победничкиот табор беше Клеј Томпсон кој натпреварот го заврши со 30 поени и осум погодени шутеви за три поени. Кај поразените Леброн Џејмс заврши со 23 поени.

Серијата сега се сели во Лос Анџелес.

 

Се вчитува...