Шампионот конечно победи на гости, залудна одличната партија на Рендл (ВИДЕО)

Актуелниот шампион во НБА лигата Голден Стејт Вориорс конечно успеа да победи на гостински терен откако славеше против еден од најслабите клубови во лигата Хјустон Рокетс со 108-121.

Стеф Кари Стеф Кари со 30 поени беше најефикасен во победничкиот табор, додека еден помалку уфрли Клеј Томпсон. Кај поразените Тари Изон заврши со 21 поен.

Залудна беше одличната партија на Џулиос Рендл во „Медисон сквер гарден“ каде погоди 57 поени, бидејќи неговиот Њујорк Никс загуби од Минесота Тимбервулвс со 134-140. Во останатите натпревари од синоќешната понуда: Шарлот – Индијана 115-109, Филаделфија – Чикаго 105-109, Мемфис – Далас 112-108 и Јута – Сакраменто 128-124.

Се вчитува...