Кошаркарите на МЗТ Скопје го доживеаја и третиот пораз сезонава во Првата македонска кошаркарска лига, овој пат во 9. коло на гостувањето од ТФТ со 75-70.
Одличен меч на домашните кои првата четвртија ја добија со 24-16, па потоа водството го контролираа до самиот финиш.
И покрај обидите, македонскиот шампион не успеа да најде одговор за ТФТ кој во ниту еден момент не дозволи сериозно загрозување на предноста, на крајот за конечно заслужена победа.
Најефикасен кај ТФТ беше Говенс со 24 поени, Гафни допполни со 14 поени, а Николов заврши со 13 поени. Кај гостите Војдан Стојановски постигна 13 поени.
Гостивар, пак, убедливо со 79-65 триумфираше против Шкупи.
По оваа победа, ТФТ Скопје сега е на врвот со две победи повеќе од МЗТ Скопје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА