Градски парк стана најголемата летна фудбалска арена во земјава
Веќе една недела „Светско во Парк” — единствениот ФИФА лиценциран јавен настан за гледање на Светското првенство во Македонија — го претвора Градски парк во вистинска фудбалска арена под отворено небо. Настанот се одржува со поддршка на Град Скопје, на теренот познат како „Вембли”, веднаш после споменикот на Гоце Делчев.
Од отворањето на 28 јуни, над 10.000 посетители уживаа во нокаут фазата на Мундијалот на огромен ЛЕД екран — со навивачка атмосфера каква што досега се гледаше само на стадион. Полни клупи, кренати раце, аплаузи за секој гол: Скопје конечно има свое место каде фудбалот се доживува заедно.
Покрај врвниот фудбал, посетителите уживаат и во богата понуда: Food Corner со храна за секој вкус и Bar Зона со ладно пиво, летни коктели и освежувања — сето тоа по одлични цени за сечие уживање.
А најдоброто допрва следи. До 19 јули следуваат натпреварите од најинтересната фаза на турнирот — осминафинале, четвртфинале, полуфинале и големото финале.
А за вечерта на големото финале, 19 јули, организаторите најавуваат посебно изненадување — на сцената во паркот ќе настапат и македонски музички ѕвезди. Финалната вечер ќе биде круна на летото: врвен фудбал, спектакл и концертна атмосфера на едно место.
⚽Влезот е бесплатен а уживањето е загарантирано⚽
Следете го @svetskovopark на Инстаграм и Фејсбук за распоредот и изненадувањата што следат.
https://www.facebook.com/share/1BGu18GALP/
https://www.instagram.com/svetskovopark?igsh=MWdzNWFsc3NmcWUwaw==
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА







