Шампионот Шкендија на гости кај освојувачот на Купот во првото коло

Актуелниот првак Шкендија ќе игра против освојувачот на Купот, Академија Пандев, во првото коло од новата сезона 2019/20 во Првата фудбалска лига, на 11 август. Во просториите на ФФМ беа извлечени двојките за првото коло од новиот шампионат.

Вардар на домашен терен ќе ја пречека Македонија ЃП, а новиот прволигаш Струга Трим Лум ќе игра против Работнички. Борец ќе му гостува на Шкупи, а Ренова ќе биде домаќин на Силекс.

СЕЗОНА 2019/20

ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА (прво коло) – 11.08.2019

Академија Пандев – Шкендија

Вардар – Македонија ЃП

Шкупи – Борец

Струга Трим Лум – Работнички

Ренова – Силекс

Се вчитува...