Шампионска прослава: „Топчиите“ ги избришаа солзите и направија фешта во Лондон

Над 100.000 фанови на Арсенал ги преплавија улиците во северен Лондон за да ги поздрават Микел Артета и неговите избраници, за заедничката прослава на титулата во Премиер-лигата.

„Топчиите“ немаа многу време, експресно ги избришаа солзите по разочарувачкиот пораз во финалето на ЛШ од ПСЖ, рано утрово се вратија од Будимпешта назад во Лондон, а попладнево во голем стил ја прославија титулата, прва во Премиер-лигата по пауза од цели 22 години.

Дел од прославата беа и членките на женскиот тим на Арсенал, кои сезонава стигнаа до титулата во ФИФА Купот на Шампионките.

Се вчитува...