Шампионска страст: Конте полуде од среќа при голот за титула

Секоја чест на Канте, Азар, Диего Коста, но најзаслужен за оваа титула на Челси е Антонио Конте. Италијанскиот стратег пристигна во Премиер-лигата и по бавниот старт ја најде победничката формула што потоа ја применуваше до самиот крај.

Страст за фудбал – тоа е она што Конте го пренесе врз своите фудбалери, а што го отсликува и неговата прослава на голот за титула на Батшуаи, во која му се приклучи и голманот Куртоа.

Да се победи во најнеизвесната лига во светот, против Мурињо, Гвардиола, Венгер и Клоп, тоа е доказ за величината на италијанскиот генијалец, кој ги постави темелите за овој моќен Јувентус, а сега е целосно фокусиран на нови успеси со Челси.

Се вчитува...