Шампионски танц на Челси, само бод за Сити

Челси одигра уште еден одличен натпревар, победувајќи го Евертон на гости со 0-3. Со ова повторно има седум бода предност на врвот на табелата пред Тотенхем, кој го пречекува Арсенал на домашен терен. Педро со фантастичен удар го доведе лидерот во водство во 66.минута, а Кејхил постигна втор гол во 79.минута. На крајот, Вилијан само ја заокружи победата со трет гол во 86.минута.

Манчестер сити одигра само 2-2 на гости против Мидлсборо. Негредо ги доведе во водство домашните фудбалери кон крајот на првиот дел. Агуеро од пенал израмни во 69.минута, но Чемберс осум минути подоцна повторно донесе предност за Мидлсборо. Габриел Хесус во 85.минута го израмни резултатот на 2-2.

All Goals & Highlights HD – Everton 0-3 Chelsea… by Video-LiveAll Goals & highlights HD – Middlesbrough 2-2… by LiveGoalsTV

Се вчитува...