Шампионскиот болид на Шумахер од 2003 година продаден за рекордна сума

Болидот на Ферари во кој германскиот возач Михаел Шумахер во 2003 година оствари шест победи и ја освои шестата шампионска титула светски првак во Формула 1, во средата е продаден на аукција во Женева за 13 милиони швајцарски франци (околу 13,2 милиони евра).

Од аукциската куќа „Сотебис“, објавија дека моделот F2003-GA Chassis 229, стана рекордер по постигната цена меѓу болидите на Формула 1 од модерната ера.

Благодарение на Шумахер и на тогашниот негов колега Рубенс Баричело, Ферари во 2003 година ја освои титулата и во конструктори.

Се вчитува...