Шаповалов бесен: Не е фер колку му се дозволува на Надал, каде е границата?

Канадскиот тенисер Денис Шаповалов е поразен од Рафаел Надал после голема борба во 1/4 финалето на Австралија опен. Во текот на еден сет Шаповалов влезе во конфликт со судијата и го обвини дека е корумпиран затоа што на Надал му се дозволува да го надмине време за сервис.

„Мислам дека не е фер колку му се дозволува на Рафа, времето поминува а судијата не го опоменува. Мислам, подготвен сум да играм уште еден час и повеќе, но тој кажува дека нема да му даде опомена поради времето затоа што јас не сум подготвен. Мене тоа не ми е шега. Тој веќе зема два медицински тајм-аути, а потоа оди во тоалет. Каде е границата? Почитувам тоа што Надал го направил во кареиерата, имаше голем брејк после четвртиот сет, токму поради тоа. Надал е голем спортист и не кажувам ништо против него, но тоа е голема фрустрација за мене како спортист“, рече Шаповалов.

Се вчитува...