Шаповалов го елиминираше Рафа Надал во Рим

Канадскиот тенисер со руско потекло, Денис Шапoвалов приреди сензација на АТП турнирот во Рим, елиминирајќи го Рафаел Надал во осминафиналето. Тенисерот кој е рангиран на 16. место славеше со 1-2 по целосен пресврт.

Шпанскиот ас добро го започна мечот и стигна до преднсот од 1-0 добивајќи го првиот сет со убедливи 6-1, но немаше сили во продолжението. Во вториот сет Шапoвалов славеше со 7-5, а продолжи со одличната игра и во одлучувачкиот славејќи со 6-2.

Се вчитува...