Шарапова дојде, го виде Штутгарт, загуби и си замина

Марија Шарапова пред неколку дена оптимистички најавуваше дека е подготвена за атак на нови гранслем-трофеи, за денеска да се врати назад во реалноста и да загуби веќе на својот премиерен настап на турнирот во Штутгарт.

Таа за противничка ја имаше Каролин Гарсија, од која по голема битка беше поразена со 1-2 во сетови. Русинката го доби првиот сет со 6-3, а потоа во тајбрејк го загуби вториот со 6-8. Шарапова стигна до брзо водство од 2-0 во решавачкиот сет, но потоа Гарсија ја презеде контролата, направи пресврт и триумфираше со конечни 6-4. Руската тенисерка го заврши мечот со 17 асови, сепак недоволно за победа, а денешниот пораз ќе придонесе таа да испадне од Топ 50 на наредната ВТА-листа.

За разлика од Марија Шарапова, чешката тенисерка Каролина Плишкова без поголеми проблеми се пласираше во следната рунда, совладувајќи ја Кики Бертенс со 6-2, 6-2.

Се вчитува...