Шарапова ќе го пропушти Бирмингем, за да биде подготвена за настап на Вимблдон

Руската тенисерка Марија Шарапова по три години има немара повторно да заигра на гранслем турнирот Вимблдон. Поради ова, таа ќе го пропушти настапот на турнирот во Бирмингем, за да може подобро да се подготви за учеството во Лондон.

Шампионката од далечната 2004 година последен пат на тревата на Ол Ингланд клуб играше во 2015 година, кога стигна до полуфиналето. Потоа ја пропушти сезоната поради суспензија, а минатата година не учествуваше поради повреда.

„Убави сеќавања ме врзуваат за Бирмингем, и поради тоа сум разочарана што нема да играм оваа година. Но, морам да водам сметка за своето тело и да се трудам да останам здрава, Тоа значи и дека некогаш морам да донесам одлуки како оваа“, изјави Марија Шарапова.

Шарапова во моментот се наоѓа на 23.место на ВТА – листата.

Се вчитува...