Шчешни ја напушта Рома за трансфер кај лутиот ривал

Војчех Шчешни е подготвен да си замине од Рома откако раководството на „римската волчица“ реши да не ја активира клаузулата за откуп на неговиот договор со Арсенал. Во знак на одмазда, полскиот чувар на мрежата реши да остане во Серија А и да се пресели во редовите на лутиот ривал Наполи, прифаќајќи ја понудата за тригодишна соработка со оваа екипа.

Како што јавуваат италијанските и полските медиуми, тој ќе пристигне во Неапол како замена за Пепе Реина, кој веќе најави дека ќе го напушти голот на „наполитанците“. Сите детали околу личните услови се договорени, па за реализација на трансферот сега останува уште Наполи да се договори за отштетата со Арсенал. Со оглед на фактот дека „топчиите“ имаат само уште една година од договорот со Шчешни, се очекува лондонскиот клуб да се согласи и на отштета од околу пет милиони евра.

Полскиот репрезентативец сезонава настапи на сите 38 натпревари на Рома во Серија А, во просек примајќи по еден гол на натпревар.

Се вчитува...