Шеј Гилџес-Александер ја врати Оклахома на победничките патеки

Оклахома Сити стави крај на серијата од два порази во низа откако славеше на домашен терен над Сакраменто со 127-113 забележувајќи ја 36-тата победа во 53. одиграни натправари со што одново се изедначи со Денвер на третото место на табелата во Западната конференција.

Тандер до победа одново го предводеше Гилџес-Александер кој овој пат постигна 38 поени и додаде 7 асистенции, додека него го следеше Вилијамс со 32 поени, 9 асистенции и 8 скокови. Кај Кингс се истакна Монкс со 26 поени, 5 асистенции и 4 скокови.

Се вчитува...