Шејн Ларкин избра за која репрезентација ќе настапува

Најдобриот кошаркар во досегашниот дел од Евролигата, Шејн Ларкин, наскоро ќе го гледаме и во европската репрезентативна кошарка. Одличниот бек доби интересна понуда да заигра за Хрватска, но истата ја одби избирајќи наместо да го облече дресот на „коцкастите“, да заигра за националната селекција на Турција.

„Јас и мојот тим ги почнавме преговорите за Ларкин да добие државјанство. Денеска ќе имаме нова средба со неговиот агент, очекуваме се да мине во најдобар ред и Шејн наскоро да го облече дресот на Турција“ – изјави првиот човек на Турската Кошаркарска Федерација, Хидајет Туркоглу.

Изборот да заигра за Турција е сосема логичен ако се знае дека Ларкин влезе во животна форма низ настапите за Анадолу Ефес. Тој сезонава има просек од 20,2 поени по натпревар, шутирајќи тројки со неверојатни 50% успешност.

Се вчитува...