Шекил О’Нил објасни зошто планетата Земја е рамна

Поранешниот кошаркар и НБА ѕвезда Шекил О’Нил е уште еден од кошаркарите кои сметаат дека Земјата е рамна. Еден од најдоминантните играчи во историјата има и свое објаснување зошто е тоа така.

Тој вели дека има теорија дека Земјата е рамна …

„Тоа е теорија, а знаете дека не учат многу работи, но ова е само теорија. Денеска летав со авион 20 часа, ниту еднаш не се превртив или паднав, ништо. Како да знам дека Земјата навистина се врти? Полни 30 години живеев покрај езеро и никогаш не видов тоа да се помести“, изјави популарниот Шек.

 

Се вчитува...