Шекил: За еден час потрошив милион долари, немојте да бидете како мене

Младите спортисти во денешно време многу лесно стигнуваат до богатство, но исклучително важно е тие да научат за самоконтрола при трошењето. Ова е пораката што НБА-легендата Шекил О’Нил им ја испрати на младите кошаркари кои го случаа неговото излагање за време на „Денот на црните претприемачи“.

Шекил како пример за несовесно трошење се даде себе си, потенцирајќи дека е многу важно лекцијата што поскоро да биде научена.

„Бев млад и луд, немав никаква едукација околу тоа како и колку да трошам пари кога еден ден ќе ги имам во изобилство. Кога го потпишав првиот спонзорски договор потрошив еден милион долари за само еден час. Купив накит, луксузни автомобили и им пратив на пријателите лет и сместување во Лас Вегас. Потрошив толку многу пари што ми се јави директорот на банката, ме предупреди дека лесно можам да останам без ништо ако продолжам во ист стил“, открива Шекил О’Нил.

Се вчитува...