Дел од полските медиуми убедливата победа на Лех Познањ против Пелистер, преку која нивниот клуб веќе со голема сигурност е патник во следната рунда натпревари во Лигата на Европа, ја искористија и за шега со стратегот на „пелистерци“, Наџи Шенсои.
Медиумите од Полска објавија фотографии од тактичката подготовка на Шенсои која ја презентирал пред своите фудбалери пред дуелот со Лех, а која останала во хотелот каде беа сместени битолчани…
Полјаците тврдат, секако на шега, „ете Шенсои имал пех, па во хотел ја заборавил тактиката за победа на Лех“. Кој знае што ќе се случеше да не беше така!?
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА