Шефот на стручниот штаб на Пелистер, Наџи Шенсои му честиташе на Лех Познањ по новата убедлива победа на стартот од квалификациите за Лигата на Европа.
На прес-конференцијата по средбата во Струмица, Шенсои потенцираше дека неговиот тим сепак се соочил со пресилен противник против кој е тешко да играш…
„Ако имавме замерки за судењето на првата средба, може слободно да кажам дека сега Лех максимално го потврди својот квалитет. Лех е сепак прејак за нас во овој момент, нема што тука… Лично мислам и дека ќе играат во групната фаза од Лигата на Европа“ – рече Шенсои и дополни:
„Нема што да им се замери на фудбалерите. Тие до пред една година играа во Втора лига а сега се на европската сцена. Жал ми е единствено што не успеавме да постигнеме некој гол, затоа што со играта денеска тоа го заслуживме. Но, ете немавме ниту реализација на двата меча кога беше најпотребно и затоа се овие убедливи порази“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА