Македонското џудо ја запиша својата прва историска победа на едно Европско првенство за сениори.
21-годишниот Еди Шерифовски на Европскиот шампионат кој се одржува во Софија, Бугарија, во првата рунда натпревари во категоријата до 81 килограм, славеше против фаворизираниот Михаил Латишев од Молдавија. На тој начин Шерифовски ја запиша првата победа во историјата на македонскиот џудо спорт на едно европско првенство.
Сепак, и покрај извонредната борба и во втората рунда натпревари, македонскиот џудист доживеа ВАР-неправда откако по очигледна судиска грешка и дополнителна ВАР одлука беше дисквалификуван во борбата со Лашан Мохеад од Велика Британија.
„Прва и историска победа за Македонија на Европско сениорско првенство. Две доминантни перформанси, но судиите одлучија да ме дисквалификуваат за „забранет“ потег (нуркање на глава) додека го фрлав противникот. Но, ова е добар знак дека сум на добар и ветувачки пат. Се ќе си дојде на свое место. Ние не застануваме тука!!!“ – објави Шерифовски по борбата со Британецот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА