Шест фудбалери се „недопирливи“ во Барселона

Барселона ги надмина финансиските проблеми и сега се наоѓа на добар пат да се врати таму каде што припаѓа. Тешката задача, но и довербата му припадна на легендата на клубот Чави кој засега одлично си ја врши својата задача.

Но, за враќање на врвот на Европа на каталонците им се потребни нови промени во играчкиот кадар, до исти ќе дојде во следниот преоден рок, Чави има свој список на новогодишни желби, но и список на „недопирливи“.

Според шпанските медиуми на истиот се наоѓаат Жил Кунде, Роналд Араухо, Гави, Педри, Роберт Левандовски и Ансу Фати кои ќе останат темел на тимот и во иднина.

Се вчитува...