Шест гола и еден црвен – Надежите до 19 години со негатива на полувреме со Норвешка

Неверојатен прво полувреме ни донесе натпреварот меѓу фудбалската репрезентација на Македонија до 19 години против соодветната репрезентација на Норвешка кој се игра на тренинг комплексот на ФФМ, а е дел од квалификациите за пласман на Европското првенство во 2023 година, откако во првиот дел видовме шест гола и еден црвен картон.

Се почна во 4. минута со директниот црвен картон на играчот на гостите Егели. Нашите надежи ја искористија бројчаната надмоќ и до водство дојдоа преку Зенку во 6. минута.

Норвежаните израмнија на 1-1 Нуса во 12, а само четири минути подоцна стигнаа и до шокатно водство од 2-1 со погодокот на Хансен. Во 20. минута „црвено-жолтите“ израмнија на 2-2 преку Трајков.

До крајот на првото полувреме Норвешка даде уште два гола и по 45 минути има водство од 4-2.

Се вчитува...