Шест случаи на коронавирус во Еспањол

Шпанскиот прволигаш Еспањол објави дека шест лица од клубот се позитивни на тестот за коронавирус. Нивните имиња не се објавени, но медиумите во Шпанија тврдат дека има и фудбалери и членови на стручниот штаб на Абелардо. Сите засега се чувствуваат добро и имаат минимални симптоми на Covid-19.

Целиот клуб заминува во 14-дневен карантин, a затворен е комплексот „Дани Жарке“. Еспањол е третиот шпански фудбалски клуб кој пријави заболени од коронавирусот. Најмногу има во Валенсијам, дури 35% од фудбалерите и стручниот штаб, додека Алавес пријави двајца работници во клубот.

Се вчитува...