Шевченко: Фудбалот ми го спаси животот, другарите ми умираа од дрога и алкохол…

Андриј Шевченко го користи периодот пред ЕВРО 2020 за промоција на својата автобиографска книга, во која украинската фудбалска легенда открива различни детали од својот живот.

Меѓу другото, Шевченко се потсети и на периодот на големата нуклеарна несреќа во Чернобил.

„Јас израснав на 200 километри од нуклеарната централа каде се случи големата несреќа. Се ми изгледаше нормално, имав десет години, играв фудбал по ливади, ме однесоа во младинската академија на Динамо Киев… и тогаш реакторот 4 експлодираше и сите моравме да заминеме“, се потсетува Шевченко.

Неговите мајстории со фудбалската топка пресудија Андриј да тргне по патот на професионалниот спорт, нешто што му го спасило животот.

„Воопшто не се сомневам дека фудбалот ми го спаси животот. Пријателите што ги имав во Киев, секое следно доаѓање во овој град ги имаше се помалку и помалку. Сите умреа, не од радијација, туку од алкохол, дрога… Јас се спасив поради љубовта на моите родители и мојата љубов кон фудбалот“, истакнува Андриј Шевченко.

Најболен пораз во неговата играчка кариера без конкуренција е финалето на ЛШ во 2005 година, кога Милан прокоцка предност од 3-0 по првото полувреме и на крајот загуби на пенали од Ливерпул.

„Првите месеци по тоа финале имав кошмари, се будав среде ноќ и не можев да заспијам. Не знам што се случи, луѓето велат дека сме летнале во облаци, дека сме престанале да играме, но тоа не е вистина. Малдини на полувреме не предупреди сите да внимаваме, дека Ливерпул може да се врати и ние искрено го послушавме Немам зборови, се уште не можам да објаснам како ги примивме тие три гола од Ливерпул“, изјави Шевченко.

 

Се вчитува...