Шевченко: Тимошчук не постои повеќе за Украина

Претседателот на украинската фудбалска федерација Андреј Шевченко, искажа негативен став кон неговиот некогашен соиграч од репрезентацијата, Анатоли Тимошчук.

Тимошчук во минатото играше за Баерн Минхен, беше дел и од Зенит, а по инвазијата на Русија врз Украина, се реши да остане во рускиот фудбал како асистент на Зенит. Тоа многу ги разлути сите од украинскиот фубдал, па Шевченко рече дека Тимошчук не постои за украинскиот фудбал.

„Тимошчук не постои, и нема да постои во украинскиот фудбал. Ова не е само мој став, туку на целата заедница, на сите нас. За мене е тоа јасно, и мислам дека оваа тема воопшто не треба да се зборува“, рече Шевченко.

За репрезентацијата на Украина Тимошчук одигра 144 натпревари. Долго време играше заедно во националниот тим со Шевченко, а сега не се повеќе на иста бранова должина.

Се вчитува...