Шевченко: За мене фудбалот повеќе не постои

Легендарниот напаѓач на Украина, а подоцна и селектор на оваа репрезентација, Андриј Шевченко побара помош од останатите држави во борбата со Русија. 45-годишникот бара хуманитарна и медицинска помош, а вели дека и воопшто не размислува на фудбал.

Поранешниот ас на Динамо Киев, Милан и Челси пред неколку дена изјави дека сеуште не знае дали треба да облече униформа и да оди да се бори на улиците во татковината каде се наоѓаат неговата мајка и сестра или пак да ја искористи својата слава за помош.

„Имаме бегалци на која им е потребна хуманитарна помош. Потребна ни е и медицинска помош, помош со храна. Фудбалот за мене повеќе не постои. Не размислувам за него. Не е сега време за тоа. Од моментот кога ќе се разбудам размислувам како можам да и помогнам на мојата татковина, што можам да направам за неа“, изјави Шевченко.

Се вчитува...