Шибенка донесе АБА засилување пред натпреварот со ТФТ

Хрватскиот претставник во АБА2 лигата, екипата на Шибенка денеска официјално го потврди ангажманот на црногорскиот интернационалец Милиќ Старовах.

Крилниот играч кој има богато искуство настапувајќи и за Будуќност, Студентски центар и Златибор во редовите на Шибенка доаѓа од АБА лигата каде доскоро ги бранеше боите на Морнар Бар бележејќи просек од 5.0 поени и 2.7 скокови на 20 одиграни натпревари.

Шибенка во следниот „балон“ на АБА2 лигата за противник ќе го има и македонскиот тим ТФТ.

Се вчитува...