Шилегов од Металург потпиша за Охрид

Охрид го засили играчкиот кадар со потписот на Мице Шилегов од редовите на Металург. Тимот на Раде Стојановиќ беше во потрага по нов крилен играч како наследник на Бобан Блажески (се пресели во Струга), а изборот падна токму врз Шилегов, кој реши да си замине од „Автокоманда“.

Тој е второто засилување на Охрид од Металург годинава, откако во текот на ланската сезона беше доведен и бекот Михајло Младеновиќ. Шилегов е поранешен младински репрезентативец на Македонија, кој би требало да биде значаен адут на тренерот Раде Стојановиќ во наредната сезона.

Одлична вест за охриѓани е и останувањето на Кривокапиќ, кој ги договори условите за нов договор со овој клуб. Претходно,  договорите со „гладијаторите“ ги продолжија Иван Тасески, Крсте Андоновски, Јагош Брауновиќ, Филип Николов и Мартин Манасков.

Се вчитува...