Арсенал загуби уште еден премиерлигашки натпревар, со што „топчиите“ паднаа на петнаесеттото место на табелата, многу блиску до зоната за испаѓање од Премиер-лигата. Критики стигнуваат од сите страни, а меѓу најгласните е легендарниот англиски голгетер Алан Ширер, кој ги предупреди „топчиите“ дека лесно може да се случи да испаднат од елитното друштво доколку наскоро не најдат излезе од кризата.
„Арсенал може да испадне, немојте да се изненадите ако тоа се случи. Ова е тим што нема стартни единаесетмина што можат да го издржат притисокот. Видете го само нивното однесување на теренот, ужасно, без ронка креативност во нападот, но и без борбеност, желба да се затвори простор во одбраната. Микел Артета мора да е загрижен. Тој не е виновен, но сега зависи од оваа група на играчи за да си ја спаси работата. Цела сезона имаат постигнато 12 погодоци, немаат опции, катастрофално“, критикуваше Ширер.
Ниту распоредот не му е наклонет на Артета, кој за два дена ќе се сретне со Манчестер Сити во лига-купот на Англија, по што во Премиер-лигата го очекува градското дерби со Челси. Доколку ги загуби двата натпревари, многу лесно може да се случи шпанскиот стратег да добие отказ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА