Ширер: Меси е најголемиот проблем за Гвардиола и Сити

Легендарниот англиски фудбалер Алан Ширер смета дека најголем проблем за Манчестер Сити во походот на освојување на сите трофеи сезонава ќе биде Лионел Меси. Тој смета дека Барселона и Аргентинецот се главните причини поради кои се сомнева дека „граѓаните“ ќе ги освојат сите трофеи.

„Ако екипата на Пеп стигне до финалето на Лигата на шампионите, очекувам меч со Барселона, но не верувам во победа на англискиот тим. Тоа ќе биде одличен натпревар, но секој тим во кој игра Меси е фаворит“, вели Ширер. 

Сити синоќа загуби од Тотенхем во Лондон со 1-о, а доколку успее да го прескокне четвртфиналето, во полуфиналето ќе се сретне со подобриот од двомечот Ајакс – Јувентус.

Се вчитува...