Шишкарев: Имавме пад, но се кренавме во вистински момент

ЕКИПА во Брест

Катерина Павлова Николовска

Со полуфиналниот тирумф проитв Брест, Вардар обезбеди ново СЕХа финале и нова пресметка во многу кус период против Загреб.

„Се боревме во сите 60 минути, за жал имавме еден пад во одреден период од натпреварот, сепак се вративме, ова беше добар натпревар и за публиката и за ракометот. Се надевам дека сите се задоволни“ – вели Данил Шишкарев.

За финалето против Загреб вели дека е нова шанса за нов успех.

„Загреб е екипата која најмногу ја знаеме. Играме три натпревари во мног кратко време. Ние сме дојдени затитула и мислам дека ќе го надминемезаморот за нов успех“ – вели крилото на Вардар.

Се вчитува...