Шишкарев: Никој во Вардар не зборува за разделба, туку само како да го елиминираме Пик Сегед

Ракометниот првак Вардар е на прагот на нов настап на Ф4 турнирот во Лигата на шампионите, а овој одличен резултат сепак во јавноста е засенет од најавите дека клубот ќе остане без спонзор по завршувањето на сезоната. Сепак, тоа засега не е „тема број 1“ меѓу ракометарите, кои се фокусирани на реваншот во Сегедин каде ќе однесат осум голови позитива (31-23) од првиот четвртфинален двобој против Пик Сегед во Скопје.

Рускиот интернационалец Данил Шишкарев вели дека никој во Вардар во овој момент не размислува на разделбата.

„Во Вардар сите момци имаат победнички менталитет. Ќе дадеме се од себе, дури и 120% од можностите за да се пласираме на завршниот турнир во Келн. Никој не зборува за разделбата, само реваншот со Пик Сегед ни е во мислите. Си дададовме збор, сите ќе играме најдобро што знаеме до последен момент“, вели Шишкарев за руските медиуми.

Реванш дуелот од четвртфиналето во Лигата на шампионите меѓу Пик Сегед и Вардар ќе се одигра на 5. мај.

Се вчитува...