Шишковски официјално промовиран во фински РоПС… (ФОТО)

Репрезентативен голман Дамјан Шишковски официјално е промовиран во дресот на финскиот прволигаш РоПС од Рованиеми, главниот град на административниот најсеверен регион во Финска.

По раскинувањето на договорот со Лахти, Шишковски одлучи да остане во Финска прифаќајќи ја понудата од РоПС…

„Добро го познавам тимот на РоПС, среќен сум што повторно се враќам во Финска. Верувам дека ќе се адаптирам соодветно во новиот клуб и ќе помогнам во остварување на целите“ – истакна Шишковски на промоцијата.

Договорот на Шишковски со РоПС е до јули оваа година.

Се вчитува...