Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски доби црвен картон на средбата со Неа Саламис пред репрезентативната пауза во кипарскиот шампионат.
Чуварот на мрежата на Докса во 47. минута доби директно исклучување, и мораше предвреме да биде испратен во соблекувалната. Неговиот тим на крајот загуби со 2-0.
За гостите во тимот до немаше ниту Душко Трајчевски кој е повреден. Шишковски во понеделник треба да се појави на собирот на репрезентацијата за натпреварите со Италија и со Англија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА