Шкендија Арачиново ги промовираше последните две засилувања за сезонава

Шкендија Арачиново го комплетираше тимот за актуелнава сезона во Првата македонска фудбалска лига со ангажманот на Ринор Ајдини и Нијаз Јусуфи.

Како што информираат од клубот, тоа се последните два потези на трансфер пазарот ова лето.

„Со доаѓањето на двајцата нови играчи, тимот е комплетен за предизвиците во новата сезона. Веруваме дека формираната група има потенцијал, карактер и амбиција да се натпреварува достојно на секој натпревар“ – потенцираат од Шкендија Арачиново.

Се вчитува...