Шкендија би била аутсајдер во плеј-офот, можни ривали Аталанта, Ајакс, Монако…

Шкендија во третото квалификациско коло во Лигата на Конференции, ќе ги одмери силите со шкотски Хибернијан. Првиот меч е на 6. август на гости во Единбург, а реваншот за седум дена во Скопје.

Тоа ќе биде последниот двомеч пред пласман во плеј-офот во ЛК, а пред пласман во групната фаза, каде што лани играше тетовскиот тим, и го направи најголемиот успех во купскиот фудбал.

Ждрепката за потенцијалниот ривал во плеј-офот е во понеделник, а таму Шкендија би била аутсајдер, и би можела да добие далеку позвучен ривал отколку сега. Така еден од тимовите кој може да биде ривал е поранешниот освојувач на Лигата на Европа, тимот на Аталанта. Финалистот на Лигата на Европа Фрајбург е исто така потенцијален ривал. Од другите тимови, можен ривал е и Монако, холандскиот гигант Ајакс, потоа Копенхаген, Митјиланд, Карабах…

Но, и покрај звучни тимови, Шкендија може да добие и полесна задача, како на пример да ги одмери силите со Шериф Тираспол од Молдавија, Лугано од Швајцарија, има тука и тимови како Панатиниакос, Андерлехт, Рапид Виена, Пафос, Партизан…

Се вчитува...