Шкендија добива големо засилување: Албанскиот репрезентативец Одисе Роши во црвено-црните редови (ФОТО)

Шкендија може да добие големо засилување за пролетниот дел од сезоната во името на албанскиот репрезентативец Одисе Роши, дознава ЕКИПА.

Според нашите информации, тетовци се пред договор за ангажман на поранешниот фудбалер на германските бундеслигаши Келн и Франкфурт, како и унгарски Диошѓер кој изминатава година играше за турски Болуспор.

30-годишниот Роши игра деснокрилната офанзивна позиција, а своите најславни денови досега во кариерата ги мина од 2016 до 2021 година во редовите на рускиот премиерлигаш Ахмат Грозни.

Роши досега има и 67 настапи за албанската сениорска репрезентација и постигнато пет погодоци.

Претходно, како што е познато, Шкендија се засили и со Клисман Цаке и Андре Менсалао, а во своите редови го врати и поранешниот македонски репрезентативец Ферхан Хасани.

Се вчитува...