Шкендија договори пријателски со Олимпија, Жилина, Злин…, можен тест и со Динамо Загреб

Стручниот штаб на Шкендија веќе ја комплетира програмата за летните подготовки пред настапот во квалификациите за Лигата на шампионите.

Тетовци во сабота стартуваат со летните подготовки кои во првата фаза ќе бидат на домашен терен, а потоа од 16. јуни до 2. јули ќе се престојува во Словенија.

Во Словенија е планирано одигрување четири тест дуели. Стартот е со словенечка Олимпија на 19. јуни, потоа против Злин од Чешка на 23. јуни и против словачка Жилина на 27. јуни. На 1. јули, иако се уште официјално непотврдено, можен е дуел со хрватскиот шампион Динамо Загреб.

Се вчитува...