Шкендија доживеа дебакл на гостувањето кај Мура во квалификациите од ЛШ (ВИДЕО)

Шкендија доживеа дебакл на гостувањето кај Мура откако загуби со 5-0 во реванш натпреварот од првото квалификациско коло во Лигата на шампионите. Домаќините дојдоа до водство во 25. минута со голот на Лука Бобичанец. Кривак со два жолти картони во за само три минути од 39. до 42. минута ги стави своите соиграчи во дополнителни проблеми, а во судиското продолжение од првиот дел домаќините дојдоа до водство и од 2-0 со вториот гол на Бобичанец.

Во второто полувреме Клепац во 55. и Кус во 64. минута ја продолжија агонијата на шампионот на Македонија, додека Клепац со својот втор гол во 87. минута ги постави конечните 5-0. За потсетување Шкендија загуби и на првиот меч кој се играше во Скопје со 0-1 и со вкупни 0-5 го заврши настапот во годинашното издание од Лигата на шампионите.

Македонскиот шампион ќе продолжи во Конференциската лига на УЕФА каде ќе игра против летонската Рига.

 

 

Се вчитува...