Шкендија го договори и трансферот на Изаир Емини

Шкендија го договори и трансферот на поранешниот свој напаѓач Изаир Емини кој треба да биде сериозно засилување за тимот во новата сезона.

Според нашите информации, 31-годишниот Емини треба да се приклучи на тетовскиот тим веднаш по настапот во квалификациите за Лигата на шампионите со неговиот актуелен тим, албанскиот шампион Кукс. Новиот тренер на Шкендија, Ќатип Османи го посакувал Емини во своите редови како вистинско засилување за самиот напад на тимот, секако во случај и на претходно најавеното заминување на Бесарт Ибраими.

Изаир Емини изминатата сезона постигна осум гола за Кукс помогнувајќи му на тимот да стигне до шампионската титула во Албанија.

Кукс во 2. квалификациско коло за Лигата на шампионите игра против молдавски Шериф Тираспол.

Се вчитува...