Шкендија го доведе Меџит Незири

Македонскиот првак Шкендија го ангажираше Меџит Незири како ново засилување. Тој се враќа во домашниот шампионат откако имаше интернационална кариера во Литванија и во Летонија.

Незири треба да ја засили конкуренцијата во тимот на Ќатип Османи на десната бековска позиција. Тој има 28 години, беше дел од Шкендија во минатото, а настапуваше и за Ренова, од каде замина на печалба. Незири ќе се приклучи на остатокот од тимот на Шкендија кој е на подготовки во Словенија.

Се вчитува...